Во пожарот во Русија исчезна цело одделение, девојче испратило морничава порака: Внатре сме!Ова е моето последно збогум!
Истражниот комитет на Русија соопшти дека најмалку 44 лица се повредени, а 30 се сметаат за исчезнати. Десет лица се во болница, меѓу кои и 11-годишно момче кое е во кома откако скокнало од прозорец од трговскиот центар. Локалните медиуми информираат дека неговите родители починале во пожарот.
Тринаесетгодишната Марија Мороз, од кино-салата испратила СМС: „Ние сме во пожар. Изгледа ова е збогум од мене.“ За неа се претпоставува дека е мртва.
Пожарот во трговскиот центар во Кемерово изби на четвртиот кат, каде се наоѓаат кино-сала и детски забавен центар и зафати околу 1.600 квадратни метри.
Покрената е истрага заради откривање на причините за избувнување на огнот.
– Четири лица се притворени и сослушани, меѓу кои и закупецот на кино-салата, каде се претпоставува дека избил пожарот, како и менаџерот на компанијата која раководи со трговскиот центар, изјави портпаролката на истражниот комитет Светлана Петренко
Станува збор за трговскиот центар „Зимнаја вишња“, кој се наоѓа во една од главните градски улици, во близина на железничката станица. Трговскиот центар е отворен во 2013 година, со површина од 23.000 метри квадратни, паркинг за 250 автомобили, продавници, сала за куглање, детски центар и кино.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп