Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума
Околу 3.410 хектари или 12 отсто од заштитениот регион Натура 2000 досега изгореа во пожарот во Националниот парк Дадиа во Еврос, активен веќе седми ден, а противпожарните сили секојдневно, од копно и воздух се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според сликата од сателитот Сентинел 2 преземена и обработена од тимот на Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, проценката за површината зафатена од шумскиот пожар заклучно со вчера напладне во Дадиа Еврос е приближно 3.410 хектари, односно околу 12 проценти од заштитеното подрачје на Натура 2000.
Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли со борови и дабови шуми, се наоѓа во областа Еврос во североисточниот дел на Грција и е едно од најважните заштитени подрачја на национално, европско и меѓународно ниво, како и една од првите области во земјата што е прогласена за заштитена бидејќи коегзистираат голем број видови флора и фауна кои се наоѓаат на Балканот, во Европа и Азија.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник