Македонија
18. August 2015 - 17:01
Во пожар изгоре сендвичарница во Карпош
За само неколку минути утрово, изгоре сендвичарницата Жан МАри кај студентскиот дом Гоце Делчев.
Според очевидци пожарот настанал во делот кај скарата и веднаш се проширил кон покривот.
Брзата интервенција на противпожарната служба спречила ширење на огнот и било спречено пожарот да премине на другите два објекти.
Во пожарот нема ниту повредени ниту загинати.
Причината за настанување на несреќата допрва ќе се утврдува како и материјалната штета.
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
