Во пораст бројот на случаи со рак на кожа
Во пораст е бројот на случаи со меланом (карцином кој потекнува од клетките во кожата наречени меланоцити) и потребно е населението да прави навремени прегледи и да ја заштити кожата од прекумерното изложување на ултравиолетови зраци.
Ова денеска го истакна координаторот на Еуромеланома - Европска кампања за борба против меланом, Зорица Зафировиќ од Универзитетската клиника за кожни и венерични болести, пред почетокот на симпозиумот за малигнен меланом насловен „Нови предизвици во лекувањето и третманот на малигнен меланом“, во организација на Здржението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, Универзитетската клиника за онкологија и Лекарската комора на Македонија.
Таа истакна дека меланомот е водечка причина за смрт од сите карциноми на кожа и поентата на кампањата, која се организира на 29, 30 и 31 мај, е подигнување на свеста за навремена заштита на кожата и навремено јавување во ординациите
- Апелираме еднаш годишно да се прегледа населението за евентуална појава за сомнителна бемка, дамка на кожата. Централен настан на кампањата се бесплатните прегледи по дерматолошките институции низ Македонија. Прекумерното изложување на ултравиолетови зраци со појава на изгореници во детството и адолесцентниот период е ризичен и најважен период од животот на една индивидуа, рече Зафировиќ и додаде дека треба да се внимава и со одењето на солариум.
Претседателот на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, Биба Додева рече дека еден од основните проблеми за болните од малигнен меланом се новите терапии кои од минатата година се достапни, но не сите. Посочи дека имале проблеми околу новите набавки односно, како што рече, за малку пациентите ќе останеле без овие лекови.
- Среќни сме што ќе можеме ова прашање да го подигнеме на многу повисоко ниво. „Борка“ заедно со Алијансата на пациентки организации уште минатата година поттикна создавање посебен фонд за терапии кои ќе им бидат достапни на пациентите со малигни заболувања и имплементирање на нова национална стратегија за контрола на ракот во Република Македонија, додаде Додева.
Претседателот на Националната Алијанса за ретки болести на Македонија, Весна Алексоска рече дека терапијата не смее да доцни и не смее да има недостиг на лекови. Можеби, потенцира, е најдобро и да се направи некој посебен фонд за лекови кои ќе бидат иновативни за рак преку кој ќе се набавуваат сите потребни лекови за пациентите со рак.
- Минатата недела се соочивме со проблем и пациентите со меланом ќе останеа без лекови, што ќе беше навистина страшно, затоа што кога ќе се започне со една терапија, таа треба да продолжи да се прима. Кога пациентите ќе се остават без терапија, тоа значи дека се оставаат да умрат. Тоа не смее да се дозволи. Терапијата мора да биде достапна за сите, додаде Алексоска.
Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Милан Ристески рече дека според „МојТемин“ во 2016 година имало 198 нови случаи од кои 46 биле со т.н. транзит метастази, а 32 биле во напреден стадиум.
- Лесно е кога лезијата ја гледате на видлив дел од телото. Малку е потешко кога лезијата е позади на грб, па мора друг да ве види. За жал кога меланомот во фаза на т.н вертикален раст се случува имуниот систем сам да го победи примарното жариште, а да даде метастази. Не е така едноставна неговата дијагностика, истакна Ристески.
Појасни дека од минатата година наваму состојбата со лекови е многу подобрена.
Додаде дека според светските трендови, кон кои се стремат, добро третиран и добро воден пациент со метастатски меланом има подолготрајно преживување барем три години.
Ново на Сител
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел