Свет
3. July 2016 - 10:44

Во поплавите во северен Пакистан загинаа 31 лице

Триесет и едно лице загина во северното пакистанско село Урсула како резултат на поплавите предизвикани од монсунските дождови, соопштија властите, пренесува БТА.

Двајца кинески инженери загинаа и петмина пакистански работници се повредени при уривањето на ѕидот на браната Тарбела поради поројните дождови, соопшти портпарол на спасувачката служба во провинцијата Хибер Пактунква