Свет
16. September 2015 - 16:55

Во поплавите во Јута загинаа 12 деца

Бројот на загинати во поплавите предизвикани од поројните дождови во американската  сојузна држава Јута се искачи на 16. 12 од жртвите се деца. Најдраматична е состојбата во градот Хилдал на границата со Аризона.

Нови напади на курдските борци врз турските  безбедносни сили

Не запираат нападите на курдските борци врз турските бебзедносни сили. Најмалку 3 полицајци загинаа кога нивниот авотмобил налетал на екплозивна направа поставена  покрај пат   во источна Турција.  Бомбата била активирана со далечински управувач. Од јули досега најмалку 100 полицајци и војници се убиени,отако турски воени авиони  почнаа  да бомбардираат позиции на курдските борци во југоисточна Турција  и во  Северен Ирак

Австралија се вклучи во нападите против џихадистите во Сирија

Австралиски воени авиони го изведоа првиот напад врз позициите на Исламска држава во Сирија. Во нападот е уништен еден  оклопен транспортер на џихадистите, изјави австралискиот министер за одбрана  Кевин Ендрјус . САД, Турција , Канада и заливските земји веќе со месеци бомбардираат позиции на цихадистите  во Сирија.   За брзо време и ФРанција ке се вклучи во нападите порача претседателот Оланд.