Во понеделник проверете нотификации на ФБ - дали сте жртва на Кембриџ аналитика или не
Фејсбук ќе ги информира корисниците во понеделник преку нотификации на нивниот профил дали биле дел од скандалот со Кембриџ Аналитика. Проверете дали сте злоупотребени или не.
87 милиони Фејсбук корисници ширум светот, повеќето во Соединетите Американски Држави, а 2,7 милиони во ЕУ, биле жртви на нелегалното споделување на нивните лични податоци со фирмата Кембриџ Аналитика за политички цели, соопшти Фејсбук.
Корисниците чии лични податоци биле искористени се оние кои ја симнале апликацијата "thisisyourdigitalife", но креаторите на оваа апликација преку нејзе имале пристап и до податоците на мрежата пријатели на оние кои ја користеле апликацијата.
Па, така во Белгија комисијата за заштита на лични податоци информираше дека преку 8-те Белгијци кои ја симнале апликацијата, Кембриџ Аналитика успеал да собере лични податоци на над 60.000 Белгијци. Слична е пропорцијата во другите земја на ЕУ.
Европските комисии за заштита на лични податоци треба на 10 април да се состанат во Брисел и да го координираат одговорот на овој скандал.
Свиркачот Кристофер Вајли сведочеше пред британскиот парламент и изјави дека е веројатно Кембриџ Аналитика да влијаела врз исходот од референдумот за Брегзит во 2016 преку информациите кои ги собрала преку својата апликација на Фејсбук.
Европските институции се под притисок по обелоденувањето на овие информации, со оглед на тоа дека во 2019-та треба да се одржат новите европски избори.
Европската Комисија испрати писмо до раководството на Фејсбук, кое одговори е дека подготвено да соработува на високо ниво.
Дел од европарламентарците бараат раководството на Фејсбук да сведочи пред европските народни избраници.
Фејсбук има донирано за кампањите на 46 од 55-те членови на конгресниот комитет што следната недела ќе го сослушува Марк Зукерберг околу целото нарушување приватност што го прави неговата платформа.
Зукерберг во среда треба да се појави пред Комитетот за енергетика и трговија, чии овластувања им даваат регулаторна моќ врз интернет компаниите.
Ова е комитетот на кој што Фејсбук најмногу има донирано. Според Центарот за одговорна политика, членовите на комитетот добиле најмалку 381 илјада долари во донации од Фејсбук од 2007.
На второ место по донации добиени од Фејсбук е Комитетот за трговија, наука и транспорт со 369 илјади долари, каде Зукерберг во вторник исто така е на сослушување на кое ќе учествува и Комитетот за правда каде Фејсбук има почастено 235.000 долари.
Од вкупно 7 милиони долари во донации што можат да се поврзат дека потекнуваат од Фејсбук, 65% завршиле кај демократи, а 33% завршиле кај републиканци.
Поединечно најмногу донации од Фејсбук добива претставничката на демократите Ана Ешу (51.050 долари), која доаѓа од Калифорнија, чија изборна област е лепенка до седиштето на Фејсбук и во неа живеат голем број вработени на компанијата.
Од 55 членови на Комитетот за енергија и трговија оваа година, сите, освен девет, примиле од Фејсбук придонеси во последната деценија. Просечниот републиканец добил 6,800 долари, додека просечниот демократ добил 6,750 долари.
Претседателот на Комитетот, Грег Валден, R-Ore, добил 27.000 долари, додека Френк Палоне од Њу Џерси, демократ од највисок ранг, доби 7.000 долари.
Валден и Палоне заеднички објавија дека комисијата на 11 април ќе го испрашува Цукерберг "да ги расветли проблемите со доверливоста на податоците за приватните потрошувачи и да им помогне на сите Американци подобро да разберат што се случува со нивните лични информации онлајн".
За споредба Гугл само за претседателските избори 2016 има донирано 8,8 милиони долари.
Во 2017 во изјава околу политичките донации, од Фејсбук објаснија дека одлуката за донирање се базира на тоа дали политичките позиции на кандидатите се конзистентни со оние на компанијата, и „дали кандидатот има позиција во клучен комитет или позиција во раководство".
Згора на овие пари Фејсбук минатата година има потрошено 11 милиони долари само на лобирање во Конгресот. Во бројките пред сослушувањето се наведува и дека речиси 30 членови на американскиот Конгрес поседуваат акции во Фејсбук.
Инаку, по неколку неделно лицитирање со бројот на луѓе на кои им е загрозена приватноста,те 50, те 87 милиони, Фејсбук деновиве порача дека приватноста е загрозена на речиси сите 2 милијарди корисници.
Ново на Сител
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со К-15
-
30 години Сител со Куманија
-
30 години Сител со Лазе Паковски
-
30 години Сител со Тони Михајловски
-
30 години Сител со Коле Ангеловски
-
30 години Сител со Лила Филиповска