Свет
1. February 2021 - 18:18

Во Полска возрасните луѓе нема да добијат вакцина АстраЗенека

Возрасните луѓе во Полска нема да добијат вакцина АстраЗенека против Ковид-19, изјави денеска советникот на полскиот премир задолжен за вакцинација Михал Дворчик, додавајќи оти конечната одлука ќе биде донесена по препорака на медицинските експерти.

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача дека вакцината против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека за употреба на територија на Европска Унија за лица над 18 години, но наведе дека се уште нема доволно резултати за ефикасноста на вакцината за лица над 55 година.

Дворчик истакна дека се чека на јасна препорака од лекарите, а потоа ќе се донесе одлука дали лицата над 55 години ќе ја примат вакцината АстроЗенека.

Германскиот комитет за вакцини минатата недела препорача со вакцината АстраЗенека да се имунизираат луѓето од 18 до 64 години. Иста препорака вчера дадоа и медицински експерти на Австрија.