Во подрумот пронашол стара фотографија и се збогатил
Ренди Џихаро од Калифорнија стана побогат за речиси пет милиони долари поради една фотографија.
Ренди наишол на стара кутија со фотографии, доволно интересни, за тој да плати за нив два долари. Потоа, разгледувајќи ги подетално, забележал дека на една од нив се наоѓа ликот на еден од најлегендарните американски одметници и ограбувачи во 19-от век – Били Д Кид.
Фотографијата е направена во 1881 година, кога познатиот разбојник на „Дивиот запад“ имал 21 година. На неа тој со својата банда игра крикет.
За кратко време по откривањето, пронаоѓачот ја огласил сликата за пет милиони долари.
Џеф Ајело, кој моментно работи на документарец за прочуениот престапник од предминатиот век, ја испита и потврди автентичноста на сликата, па таа така и ќе се најде во филмот.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска