Свет
2. October 2019 - 22:59

Во подрумот на кинески политичар пронајдено енормно количество на злато, а на сметка 35 милјарди долари - му се заканува смртна казна

Кинескиот политичар Џанг Чи (58) ќе мора да даде добро објаснување за потеклото на златото кое е пронајдено во подрумот од неговата куќа.

Џанг Чи, член на покраинските и општинските одбори на партијата, наводно бил на дисциплинско испитување и се наоѓа под истрага поради можни незаконитости кога се откриени огромните залихи на злато.

Властите пронајдо околу 13,5 тони злато, како и милиони јуани во кеш и антиквитети, како и огромно портфолио од луксузни недвижности.

На снимката може да се види како истражителите ги редат илјадниците златни прачки, од кои повеќето не можат да застанат на полиците.

Се проценува дека златото вреди 600 милиони долари, а пронајдени се повеќе од 36 милјарди долари на неговата банкарска сметка. Сето тоа го примил како мито, а се верува дека има и неколку луксузни вили. Тоа го прави побогат од Џек Ма, најбогатиот Кинез, тежок 37 милјарди долари.

Експертите проценуваат дека содржината на неговиот подрум би можел да ја спаси Грција од финасиската криза која во сиромаштија турна неколку илјади луѓе.

Како овој политичар успеал да собере толку силно богатство во комунистичка Кина останува мистерија за сите, освен за кинеското правосудство.

Политичарите кои се официјално осудени за „економски криминал“ или корупција во Кина може да се соочат со смртна казна.