Во петок на небото ќе се појави Црна Месечина: За некои е Апокалипса, за други доаѓањето на Исус
Црна Месечина ќе се појави на небото во петок на 30 септември што многу теоретичари и дел од христијаните го поврзуваат со апокалипса и второто доаѓање на Исус Христос.
Спектакуларната глетка на Црна Месечина се случува кога светлата страна од земјиниот природен сателите ќе биде зафатена од нејзината сенка, па таа страна од Месечината не може да се види.
Овој феномен на небото се случува еднаш во 32 месеци, но случувањето токму овој петок има специјално значење, различно од другите.
Првиот ден од септември донесе со себе “огнен прстен“. Имено Месечината беше во рамнина со Земјата додека Сонцето беше над Африка па изгледаше како да потемнело Сонцето.
Тоа, плус престојната појава на Црната Месечина кај поединци буди страв и остава причина за грижа.
-Овие знаци упатуваат на тоа дека Исус доаѓа. Се приближува крајот на нашиот свет, како и на целокупниот живот на Земјата, пишува во една терорија на завера.
Кога овие два феномени ќе се поврзат со Библијата тогаш одредени христијани и заговорници во сето тоа пронаоѓаат извор на својот страв.
Имено, како што се наведува во Книгата на Матеј, поглавје 24:29:
„Веднаш по искушението тие денови Сонцето ќе потемне, а Месечината нема да сјае, ѕвездите ќе паѓаат од него, силите на небото ќе бидат разтресени“.
Научниците, од друга страна тврдат дека нема причина за загриженост и дека животот на планетата Земја продолжува како и до сега.
Ново на Сител
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд