Во Перу најдена мумија стара 3.000 години
Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки.
Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“.
– Оваа личност била оставена тука или жртвувана при завршувањето на изградбата на храмот. Стара е околу 3.000 години, рече Аквиљар.
Археолозите пронашле и предмети закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, коишто најверојатно биле составен дел од жртвувањето.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко