Во Пелагонија проект за изградба на регионална депонија „Мегленци“
Стручни лица од Геолошки Институт-Штип почнаа геолошките испитувања кои ќе бидат користени во изработката на физибилити студија и проект за изградба на современа регионална депонија во непосредна близина на сегашната отворена и дива депонија „Мегленци“ што се наоѓа кај истоименото пелагониско село.
Од општина Новаци информираат дека локацијата е избрана по претходно реализиран конкурс и e одобрена од Министерството за животна средина кое го координира проектот што ќе се реализира со средства од ИПА програмата.
- Во конкурсната постапка беа посочени 12 локации, но сепак предност доби предлогот новата современа регионална депонија да се гради во непосредна близина на сегашната дива депонија „Мегленци“ која ќе биде затворена со што ќе заврши нејзината несоодветна работа и ќе има нова депонија со високи стандарди. Тоа значи дека новата депонија нема да ја загадува животната средина, ќе биде современ објект со поголем број вработени лица, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Според динамиката на активности, во овој период освен истражувања и испитувања на планираниот терен, се врши и подготовка на физибилити студија со која ќе биде опфатено селектирањето на сметот во деветте општини, изградба на претоварни станици, примена на европски еколошки стандарди и можностите за производство на биогас, електрична енергија и компостирано ѓубре.
Ново на Сител
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем