Во пасошите на граница почна да се става печат со новото име
Печат со новото име Република Северна Македонија почна да се става во пасошите при влез или излез од државата на граничните премини, согласно спроведувањето на обврските од Договорот од Преспа, потврдија за МИА од МВР.
Оваа мерка, која е дел од планот на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Договорот од Преспа, почна да се применува од вчера. МВР, согласно одлуката на Меѓуресорската група, се задолжува да ги преземе сите потребни мерки и активности за спроведување решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање нови патни исправи.
Издавање на новите пасоши треба да почне од крајот на 2019 година, а во преодниот период МВР при излез или влез на граничните премини во постојните или новоиздадените патни исправи ќе става печат, што ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.
Откако Македонија и официјално ја доби грчката вербална нота дека е завршена ратификацијата на Преспанскиот договор и на Протоколот за членство во НАТО, владата во Скопје соопшти дека официјално почнува примената на новото уставно име Република Северна Македонија.
Замената на патните документи со новото име на државата ќе бидат на товар на граѓаните.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола