Свет
15. March 2016 - 21:00

Во Пакистан извршени смртни казни врз 13 милитанти

Пакистанскиот армиски генерал Рахел Шариф потврди денеска за извршени  смртни казни врз 13 милитанти осудени од специјални, таајни армиски судови.

Тие судови се формирани за да се казнат милитантите откако во декември 2014 година нападнаа школо во северозападниот град Пешавар во кој загинаа 150 луѓе.

Не е познато кога и каде се одржани судењата поради тајните процеси на армиските судови за да се спречат напади на милитанти, јави ДПА.