Во овој град полицијата им го забранува уличниот фудбал на децата
Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат фудбал на улица.
Властите таа одлука, ја објаснуваат така што „пријавувањето на шутирање топка на улица помага да се спречи однесувањето на децата коешто е во спротивност со друштвените конвенции".
Писмата беа испратени до локалните жители откако, како што се наведува, е забележано „анти-социјално однесување, како што е играње фудбал на улиците".
Од полицијата додаваат дека таквото однесување на децата „може да ги оштети автомобилите, но и да ги доведе децата во опасност".
- Ќе ги засилиме контролите кои ќе служат за советување на децата кои ќе бидат забележани како си играат на улица. Тоа е во фокусот на полицијата, а ќе има и натамошни акции, се вели во соопштението.
Дел од жителите на областа сметаат дека одлуката е смешна и непотребна и дека тоа, покрај современите технолошки уреди, уште повеќе ќе ги одвраќа децата да излегуваат надвор.
Ново на Сител
-
Руте: Мора да направиме се што можеме за да ги чуваме нашите луѓе безбедни
-
Русија изврши масовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура
-
Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница
-
Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола
-
Kaj 30-годишник во Аеродром пронајдена, марихуана, бела грутчеста материја, таблети и пиштол
-
Прекин во работењето на системот е-Даноци
-
Шекеринска учествува на Форум за надворешна и безбедносна политика во Литванија
-
Украинските власти објавија национална воздушна тревога