Во оваа земја доколу сите невработени би се вработиле, ќе останат 400.000 слободни работни места
Германските компании имаат проблеми да пронајдат квалификувана работна сила, неопходна за да го зголемат производството, предупреди економскиот институт IW. Институтот проценува дека недостигот на работна сила, економијата ја чини 0,9 процентни поени од БДП годишно.
Германскиот пазар на труд бележи раст, при што е регистрирана најголема стапка на вработеност од кога надлежните тела почнале да го следат тој показател.
Квалификувани работници недостасуваат и поради невообичаено долгиот период на економски раст, кој влезе во девета последователна година, како и поради недостиг на работно способно население.
Од економскиот институт истакнуваат дека доколку германските менаџери би ги вработиле сите невработени со соодветни квалификации, празни би останале 400.000 работни места.
Тоа значи дека германскиот БДП би бил поголем за 0,6 процентни поени доколку би биле ангажирани сите работници кои им се потребни. Со оглед на тоа дека фирмите кои вработуваат нови работници, паралелно ги зголемуваат вложувањата во машини и опрема, среднорочно, БДП би бил поголем за 0,9 процентни поени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км