Во Основниот суд Куманово одложено рочиштето за случајот Вангелица Илијевска

Во Основниот суд Куманово, денеска поради обврски на судијата беше одложено рочиштето против 36 годишната Вангелица Илијевска, која, лани во јуни, ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово.
Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана.
На претходното рочиште одбраната презентираше писмени докази и го задржа правото на дополнителни, за кои судот сè уште се нема произнесено.
На наредното судење се очекува да биде исцрпена целата доказна постапка и ќе следуваат завршни зборови.
На претходните рочишта беа сослушани вешти лица психолог, специјалист, психијатри, сведочеа членови на семејството Илијевски, соседи, беа изведени писмени и други докази и на барање на обвинителството и одбраната.
На првото рочиште обвинетата Илијевска, кажа дека дејствувала во нужна одбрана. Јавниот обвинител во воведниот говор кажа дека на 13 јуни лани, Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на семејно насилство физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
