Во организација на КМФМ Македонија домаќин на престижниот 15ти Балкански кикбокс шампионат
Денес и утре (04 и 05.09.2021) во големата спортска сала на А1 Арената Борис Трајковски во Скопје, во организација на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија под раководство на претседателот на истата м-р Дејан Митровски - Урко, нашата држава е домаќин на престижниот 15ти Балкански кикбокс шампионат. На овој настан учество земаат 190 натпреварувачи од Балканот од 6 земји учеснички - Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија, Турција и домаќинот Македонија. Натпреварот безпрекорно организиран по теркот на светските натпревари, во величенствена атмосфера го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Г-дин Наумче Мојсовски, а со своето присуство натпреварот го збогатија и поддржаа: г-дин Даниел Димевски - претседател на МОК, г-дин Рој Бејкер - Претседател на ВАКО, г- дин Иштван Кирали - претседател на ВАКО Европа, г-дин Салим Кајачи - претседател на ВАКО Медитеран и г-дин Владимир Ситар - претседател на ВАКО Балкан.
Претседателот на КМФМ м-р Дејан Митровски - Урко, им се заблагодари за поддршката на сите погоре споменати гости со пригодни плакети. Во склоп на шампионатот се одржа и состанок на Бордот на претседатели на ВАКО Балканската федерација, на кој се разговараше за претстојните натпревари, за приемот на кикбоксот како олимписки спорт и за селекцијата на дисциплини кои ќе бидат предложени како олимписки дисциплини.
Македонската репрезентација е најмногубројна на овој шампионот и ја претстави нашата држава со 75 натпреварувачи во сите дисциплини.
Се надеваме на многу медали и успех на нашата репрезентација.
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот