Во општините Гостивар, Маврово - Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник

Во општините Гостивар, Маврово - Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни. Согласно Изборниот законик, за да се избере градоначалник на повтореното гласање потребно е за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од граѓаните што ќе излезат на изборите.
Гласањето почнува во 7:00 часот, а избирачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи - лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација.
Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 82 870 граѓани со право на глас, 78 185 гласачи се постојани жители на општината, додека во посебниот Избирачки список за лица кои живеат во странство се запишани 4 604 гласачи.
Во Маврово Ростуше има 40 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 10 575 избирачи, од кои во посебниот Избирачки список за жители во Општината 9 622, а во странство 951.
Во Врапчиште на 39 избирачки места треба да гласаат 27 279 граѓани, од кои 26 318 се постојани жители на Општината, додека во посебниот ИС за гласачи кои живеат во странство се запишани 950.
Бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562, од нив 6 305 во оштината, во посебниот ИС за гласачи во странство се запишани 1257 лица. Таму ќе се гласа на 16 избирачки места.
Вчера во овие општини гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот на прес-конференции и преку соопштенија ќе информира за текот на гласањето и за излезноста на гласачите. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени откако до нив ќе бидат доставени од општинските изборни комисии.
Според податоците од ДИК, во овие четири општини во првиот круг на 19 октомври лани не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одѕивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
-

Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
-

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
