Македонија
14. October 2017 - 9:32

Во општина Врапчиште гласаат 15 лица

Правото на глас на претстојните локални избори, во општина Врапчиште денеска ќе го искористат петнаесет лица.

Според информациите од ОИК Врапчиште, до нив биле доставени 22 барања, од кои комисијата прифатила 14 и ним ќе им биде овозможено да го оставарат гласачкото право. Утре ќе може да гласа и едно лице кое се наоѓа во домашен притвор.

Во избирачкиот список за општина Врапчиште запишани се вкупно 25.395 лица кои ќе гласаат на 39 избирачки места.