Во општина Новаци годинава 17 ученици во прво одделение
Општина Новаци годинава во основните училишта запиша 17 првачиња, од нив девет почнаа со настава во училиштето во Новаци, а останатите осум ќе учат во другите населени места во таа општина.
Првиот училишен час за сите првачиња се одржа во ОУ „Славко Лумбарковски“, а успех во учењето им посакаа градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски и директорт на училиштето, Илче Соклевски.
- Образовниот процес во општината почнува без никакви проблеми за сите 17 првачиња, но и за сите 268 основци кои денеска ја почнаа новата учебна година. Создадовме услови за непречен образовен процес затоа што знаеме дека знаењето и вештините стекнати во образовниот процес овозможуваат развивање на новите генерации и подобра иднина, рече меѓу другото градоначалникот Кузманоски на првиот наставен час што утрово се одржа во Новаци.
Со одлука на градоначалникот и Советот на општина Новаци, оваа година на сите првачиња, локалната самоуправа им додели по 4.000 денари, еднократна парична помош.
Ново на Сител
-
Пад од два поени на Индексот на перцепција на корупцијата 2024
-
ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле
-
Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Седници на четири собраниски комисии