Македонија
7. November 2015 - 16:50

Во општина Карпош ќе бидат засадени 300 дрвца

Денеска  вработените  во администрацијата и членови на Советот на Општина Карпош, на седум локации во Карпош 4, ја спроведоа големата еколошка акција на зазеленување – садење на дрвја.

Акцијата која е во рамките на Денови на Општина Карпош, опфаќа садење на 300 садници дрвја, од кои 100 се зимзелени, и тоа 50 туи и 50 чемпреси, како и 200 листопадни дрвја, од кои 150 јасени и 50 паникулати. ).

По повод акцијата Ден на дрвото  голем број садници  ќе бидат засадени и на останатите локации на општината.

Оваа акција воедно е и  предвесник на 16 –от циклус Ден на дрвото , кој во наредните денови ќе се спроведе  во целата држава.