Во општина Чешиново-Облешево започнаа Илинденски спортски игри
Во Општина Чешиново-Облешево синоќа по 45-ти пат започна спортската манифестација „Илинденски спортски игри - Чешиново 2017“ на кој традиционално се застапени турнирите во фудбал и шах. Спортските игри започнаа со фудбалскиот натпревар меѓу екипте на месните заедници од Чифли и Карбинци.
- Самата манифестација е една од најстарите во регионот и пошироко која трае еден месец, а се одржува на спортските терени во населеното место Чешиново. Низ годините минати на Илинденските спортски игри настапиле над стотина екипи од регионот и пошироко, кои покажале врвни спортски резултати, спортска игра и дружење, изјави Катерина Постолова од општина Чешиново-Облешево.
Годинава игрите ќе се одржат во период од 2 до 8 јули 2017, а првенствено учествуваат екипи од Месните заедници од источниот дел на Македонија. Покровител на игрите традиционално е општина Чешиново-Облешево. За учество на годинашните игри се пријавија 14 екипи од општините Чешиновцо-Облешево, Кочани, Штип и Карбинци..
Љубителите на фудбалот секое попладне ќе можат да проследат по два спортски натпревари.Во рамките на игрите ќе се оди и турнир во шах. Илинденските спортски игри за општината Чешиново-Облешево се од особено значење бидејки се чува и негува една стара спортска традиција, но во истовреме се развива и спортскиот дух мегу жителите.
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот