Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност

Во барот „Констелејшн“, во швајцарското зимувалиште Кранс Монтана, каде во пожар во новогодишната ноќ загинаа 40 лица, од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност, изјави денеска градоначалникот на ова познато зимувалиште во швајцарските Алпи, Николас Феро, цитиран од британските медиуми.
„Длабоко жалиме. Немавме поим дека не се извршени инспекции“, им рече Феро на претставниците на медиумите за недостатокот на инспекции во периодот 2020-2025 година.
Градоначалникот додаде дека пената за звучна изолација што се користи за таванот во барот „Констелејшн“ некогаш била оценета како безбедна.
Истражителите рекоа дека пожарот, кој брзо се проширил во раните утрински часови на 1 јануари, најверојатно бил започнат од запалени свеќички на шишиња што потоа го запалиле таванот на подземниот дел од барот.
Ваквите свеќички сега се забранети во сите објекти во Кран-Монтана, соопшти градоначалникот Феро.
МИА
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
