Свет
1. јуни 2016 - 17:03

Во опколениот сириски град Дараја пристигна првиот хуманитарен конвој од 2012 година

Конвој со хуманитарна помош денеска пристигна во регионот на опколениот сириски град Дараја, во непосредна близина на престолнината Дамаск.

Пратката е прва за ова населено место од 2012 година, соопшти денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст, цитиран од ДПА.

„Штотуку влеговме во градот“, јави Комитетот на Твитер.

Локалниот активист на Црвениот крст, Фади, за ДПА изјави дека конвојот не содржи „храна, туку само медицински препарати и училишен прибор“

Претходната пратка со помош беше вратена од владата во Дамаск, соопштија ОН и Меѓународниот комиотет на Црвениот крст.

Сириските владини сили Дараја ја држат под опсада од ноември 2012 година.