Бизнис
10. December 2020 - 12:46

Во октомври пониски цени на индустриските производи и на месечно и на годишно ниво

Во октомври годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,5  отсто на месечно ниво, а за 0,6  проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во октомври се пониски за 0,8 отсто на месечно ниво, а за 1,6 отсто на годишно ниво.

Според податоците на ДЗС, во октомври во споредба со септември годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, биле пониски во секторот Рударство и вадење  камен за 3,2  проценти, во Преработувачка индустрија за 0,3  проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,8 проценти.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во октомври годинава во однос на октомври лани, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,5  проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,5  проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,2  проценти.