Во Охрид викендов петто издание на програмерскиот маратон „Кодефест“
Со одржување на конференција „Codeference“ утре во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид ќе биде отворено петтото издание на програмерскиот маратон „Кодфест“ , како своевидна прослава на технологијата, иновациите и креативниот дух на младите програмери.
Јубилејната фестивалска програма содржи повеќе предавања и интерактивни активности, како и посебен „Бизнис-експо“ дел на кој ќе се претставаат десет компании од областа на информатичката технологија и програмирањето, како и „старт-ап“ компании за млади програмери.
Почетокот на официјалниот натпреварувачки дел од 32-часовниот „Кодфест маратон“ е предвидено за 8 април, со учество на 27 пријавени тимови од регионот, поделени во три категории – млади до 16 години, студенти од 17 години до мастер студии и професионалци. Тие во текот на 32 часа ќе разработуваат иновативни идеи и програмски прототипи. Паралелно со одржувањето на маратонот во програмирање ќе се одржуваат и мултидисциплинарни работилници, што ќе бидат отворени за пошироката јавност.
Манифестацијата ќе биде заокружена в недела кога ќе бидат презентирани проектите на натпреварувачките тимови, по што ќе следува прогласувањето на победниците.
Маратонскиот фестивал во програмирање го организира охридската „Стартап Зона“, со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија, како институционален покровител и коорганизатор на настанот.
Ново на Сител
-
Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти
-
Државниот министер за надворешни работи на Катар во посета на Скопје
-
На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола