Во Охрид субвенции на уплатена такса за привремен престој на домашни и странски туристи
Охридските приватни станоиздавачи ќе можат дел од средствата уплатени на име такса за давање услуги да ги искористат за реконструкција на ентериерот на своите капацитети.
Согласно одлуката на Секторот за туризам и локален економски развој, приватните станоиздаватели и физички лица вршители на угостителска дејност во општина Охрид треба да достават барање за субвенционирање на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи и на тој начин да добијат поврат до 80 проценти од вкупниот износ.
Станува збор за таксата уплатена по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од јануари заклучно со јуни оваа година, со забелешка дека станоиздавачот е обврзан за предвидените средства да набави опрема, мебел и други производи за опремување на неговиот сместувачки капацитет. Субвенциите не предвидуваат извршување градежни зафати на сместувачките објекти. Исплатата ќе се врши по приемот на доставените барања, потврдени со соодветни фискални сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.
Целта на активноста е поттикнување на физичките лица - вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон
-
Грција и Италија ќе инвестираат над 700 милиони евра во грчката железница
-
Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина
-
Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија
-
Франција мора да прифати илјадници работници мигранти за да го зачува својот социјален модел