Во Охрид расте цената на становите
Моќници купуваат по неколку станови во Охрид на атрактивни локации по цени од 1200 до 1300 евра и истите ги препродаваат по околу 2 илјади евра за метар квадратен.
Од агенциите за недвижнини посочуваат дека овој период луѓето се почесто ги вложуваат своите пари во купување на станови и деловни простории плашејќи се од инфлации.
Цените на становите се зголемени за 50 проценти, ако пред две години на самиот влез на градот можеше да се најде стан за 600-700 евра сега истиот се продава за 1300 евра за метар квадратен .
Од агенциите за недвижнини велат дека ова се несфтливи цени кои се вртат на пазрот. Висината на цените на становите не зависат само од локацијата, цената на градежните материјали или од глобалната криза туку се диктирани од домашни фактори.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
