Во Охрид одбележана 71-годишнината од Адвокатурата во Република Македонија
Седумдесет и една година главни бранители и заштитници на сите права на клиентите и граѓаните се адвокатите на Република Македонија. Адвокатската служба постои за на вистински начин да се грижи за владеењето на правото, поеднаков третман на сите странки, со почитување на сите права кои се темелни вредности и на Уставот и на Конвенцијата за заштита на човекови права.
Тоа беше пораката упатена од денешното 61-во Годишно собрание на Адвокатската комора на Република Македонија, одржано во Охрид во рамки на деновите на Адвокатската комора која го одбележува јубилејот 71 години од основањето.
Обраќајќи се пред учесниците на Собранието, меѓу кои претставници на регионалните, европските и светските адвокатски комори и сојузи, пред претставници на правосудството, државните институции, домашната адвокатура, академската заедница и публицистика, како и пред бројни почитувачи на адвокатурата и правото, министерот за правда Валдет Џафери укажа на интензивните реформи во правосудниот систем насочени кон вградување на меѓународните стандарди во законодавството и постојана надградба на институциите во државата.
- Функционирањето на адвокатурата е од исклучително значење за остварувањето на владеењето на правото. Притоа, како врвен приоритет се наметнува вршењето на основната задача на адвокатите – одбраната и советувањето на клиентите, рече тој.
Нагласувајќи дека Министерството за правда и во иднина ќе ги поддржува адвокатите во вршењето на нивните уставно гарантирани функции, Џафери потсети на новините во легислативата, поддржани од адвокатите во земјата и Адвокатската комора, меѓу кои измените во Законот за нотаријат, кои уредуваат задолжително присуство на адвокат во одредени постапки пред нотар, употреба на адвокатски печат и потпис во нотарскиот акти, учество на адвокат во постапка пред нотар...
Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија Никола Додевски истакна дека акцент на денешното Собрание ќе биде ставен врз резултатите што адвокатурата ги има постигнато во поновиот период, во насока на подигнување на нејзиниот углед, кон враќањето на нејзината улога во општеството и запирање на трендот на минимизирање на нејзината улога и одземање нејзините ингеренции.
- Тука би ги спомнал законите во кои адвокатите се задолжителни регистрациони агенти за основање компании, за промени на компаниите, олеснувањето на бизнисот на луѓето кои тоа сакаат да го работат во Македонија. После долги години исправање на историската неправда во која нотарите превземаа значаен дел на адвокатската работа без никакво оправдување, од мотиви кои немаат врска ниту со граѓаните ниту со владеењето на правото. Со укинувањето на нотарскиот акт исклучително значајно се намалени трошоците на граѓаните, рече Додевски.
Додевски нагласи дека исклучително големи напори се вложени во тој процес на враќање на ингеренциите на адвокатурата, притоа наидувајќи на отпор и препреки од силно лобирање на кругови заинтересирани за одржување на „статус кво“ на позиција во која нотаријатот е главен кој го држи монополот без да се води сметка за интересите на граѓаните, под форма дека тоа е за растеретување на судовите.
- Во се што во принцип адвокатите го прават во својата работа наидуваат на тешкотии, Но тоа е судбината на адвокатурата, да ги совладува препреките и да доаѓа до правдата и да д изнајдува решенија во интерес на клиентите и граѓаните, истакна Додевски.
Ново на Сител
-
Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
ЕУ донираше еко автобуси за јавен превоз со Скопје, за редовно сообраќање се чека исход од набавката на нафта
-
Во српскиот Парламент ќе се гласа за предлогот за државниот буџет за 2025 година
-
Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка
-
Обвинителот Смит побара да се отфрли случајот со доверливи документи против Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини