Во Охрид конференција за ефективни политики на младинска работа во регионот на ЈИЕ и ЕУ

„Модели на ефективни политики за младинска работа: размена на регионални и ЕУ практики и дијалог за развој на национален модел“ е работниот наслов на Конференцијата што во организација на „Младинскиот културен центар“ од Битола и „Креактив“ од Скопје, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт, од денеска до 22 септември се одржува во Охрид.
На овој собир финансиски поддржан од ЕУ преку програмата за „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанското општество“, младите ќе споделуваат најдобри практики поврзани со младинските активности во регионот на Југоисточна Европа и ЕУ.
Проект-координаторот Мери Нашоку изјави дека на конференцијата ќе бидат презентирани и дискутирани практични модели и алатки и позитивни примери од Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, со цел да се согледа кој би бил најдобриот пристап при развивањето на национална легислативна рамка за младинска работа што би соодветствувала на тековните предизвици во Република Македонија.
- Младинската работа практично значи јакнење и поддршка на личниот и професионалниот развој на младите, процес што се одвива надвор од формалното образование преку неформални форми на учење со учество во младински центри, хуманитарни и волонтерски организации, истакна таа, нагласувајќи дека се работи пред се за активност што се манифестира пред се преку граѓанскиот сектор.
Нашоку рече дека во Македонија недостига препознавање на полезноста од младинската работа од страна на пошироката јавност, пред се на државата.
- Целта на оваа конференција е во тој процес да бидат вклучени и институциите на државата, за валидизација на активностите на младинската работници, акредитација на младински програми, развивање на стандард на занимање, младински работник, професија што моментално не постои во националната рамка за квалификации, појасни таа.
На конференцијата ќе земат учество претставници од Министерството за образование на Република Македонија, Одделението за соработка со граѓанскиот сектор при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт, Центарот за образование на возрасни, Центарот за стручно образование и обука, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и од голем број младински организации и мрежи на младински организации од Македонија.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
