Во новогодишната ноќ 24 пијани лица и тројца предозирани од дрога завршија на Токсикологија
На Клиниката за токсикологија ноќеска се примени 24 пациенти, сите во алкохолизирана состојба.
Хоспитализирани се и тројца корисници на психоактивни супстанци, од кои двајца се веќе дома, а една пациентка се уште е на опсервација.
Како што изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, во Ургентниот центар во Скопје за време на новогодишната ноќ биле третирани околу 60 пациенти, главно повредени во сообраќајки, при физички напад, од посекотини од стакло и пиротехнички средства, но ниту еден нема посериозни повреди.
Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, пак фрекфренцијата на пациенти била многу мала.
-Се на се, новогодишната ноќ помина со вообичаена фрекренција, со пациенти кои немаа посериозни компликации од повредите, изјави Филипче пред Клиниката за токсикологија.
Тој напомена дека оваа година во споредба со претходните намален е бројот на пациенти кои користеле психоактивни супстанци.
Ново на Сител
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“