Во новата сезона на „Брза кујна“ за вас ќе готват 4-рица шефови
Новата сезона на популарното кулинарско шоу стартуваше со проширен тим готвачи, па така сега освен Марк и Никола, за вас ќе готват и Боби и Фичо.
Со засилениот кулинарски тим ќе понудиме поголема разновидност односно палета на кулинарски идеи од врвни мајстори на занаетот - Марк, Никола, Боби и Фичо - секој со својот специфичен стил на готвење.
Нашите шефови ќе ви покажат како во ова динамично време може да зготвите вкусни, здрави и лесни оброци за само 20 минути.
Во секоја епизода - златни совети од четворица врвни шефови, нови идеи во готвењето, нови намирници, комбинации и нови вкусови. Како да заштедите пари и да го скратите времето поминато во кујна, а при тоа да зготвите вкусен оброк што ќе им го отвори апетитот дури и на најпребирливите.
Не пропуштајте ја новата сезона на „Брза кујна“ од понеделник до петок во 17 часот.
Ако сакате да учествувате во нашето кулинарско шоу пријавете се на телефонот 02/ 3 116 -566 или на email : brzakujna@sitel.com.mk
Ново на Сител
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action
-
30 години Сител со Борче Пауновски и Велика Атанасова - Наша Земја
-
30 години Сител со Весна Петрушевска - Вртелешка
-
30 години Сител со Тања Атанасовска - Бумбар
-
30 години Сител со Бошко Трпевски - Асовите бираат асови
-
30 години Сител со Мелита Ракичевиќ - Пет шоу