Македонија
27. September 2016 - 12:21

Во Новаци подигнато државното знаме на 30 метарски јарбол

Во Општина Новаци денеска на јарбол висок 30 метри беше подигнато знамето на Република Македонија.

Градоначалникот на Новаци Лазар Котевски информира дека денеска е завршен проектот за изградба и поставување урбана опрема-јарбол, инвестиран од Владата на Република Македонија.

- Денеска заврши изградбата и поставувањето на урбаната опрема - јарбол  кој е висок 30 метри, на кој го истакнавме знамето на Република Македонија. Пред неполн месец го бетониравме местото меѓу општинската зграда и локалната пошта во Новаци, посочи Котевски кој го подигна знамето на јарболот во таа локална самоуправа