Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 2110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места, гласале 392 066 односно 35,89 %.
Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 57,69% додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, соопшти ДИК.
Како што информираат од ДИК, до овој момент се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра