-->
-->
Во Њујорк почина петгодишно момче од воспалителен синдром кој се поврзува со Ковид-19
-->

Петгодишно момче од Њујорк почина од ретка воспалителна состојба наречена детски повеќесимптоматичен воспалителен синдром, за кој се верува дека е поврзан со корона вирусот.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, ја потврди смртта на детето, кое имало позитивен тест на корона вирус, додека од болницата „Маунт Синај“, каде што се лекувало, не излегоа со други информации. Куомо додаде дека здравствените власти истражуваат уште 73 слични случаи низ Њујорк, во кои децата покажуваат симптоми на други воспалителни заболувања, како болеста Кавасаки и синдромот на токсичен шок.
„Ова се болни вести и и би можело да отвори едно цело ново поглавје. Ова е екстремно ретко и досега беше непозната манифестација на КОВИД-19 кај децата“, кажа Куомо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
