Во немирите на југот од Казахстан загинаа 10 лица, а 40 се поврдени

Бројот на жртвите во безредијата во регионот Жамбил, на југот од Казахстан, се зголеми на 10 лица, јави телевизијата „Kабар 24”.
Според ТВ каналот, доцна синоќа во болница починал еден од повредените, а утринава се дозна дека починало уште едно повредено лица.
„На овој начин бројот на жртвите во моментот изнесува 10 лица“, посочи локалната телевизија.
Безредијата се случија во петокот вечерта во јужен Казахстан. Министерот за внатрешни работи, Ерлан Тургумбаев, првично соопшти за осуммина загинати и 40 повредени лица, како и за речиси 50 приведени учесници во тепачките. Како резултат на палењата уништени се или оштетени над 30 станбени згради.
Претседателот на Казахстан веднаш формираше владина комисија, предводена од вицепремиерот Бердибек Сапарбаев.
Според министерот на информации и социјален развој, Дарен Абаев, причината за безредијата е конфликт предизвикан од провокатори кои се обиделе недоразбирањата да ги пренесат на теренот на етничка нетрпеливост.
Ново на Сител
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
