Во Неготино изложба на погачи по повод Свети Климент
„Нишка на традицијата“ беше темата на изложбата на традиционални посни погачи што се одржа синоќа во Неготино по повод празникот Свети Климент Охридски.
Изложбата ја организира локалната библиотека „Страшо Пинџур”.
- Сакавме да ги обединиме домаќинките од градот во име на традицијата, нејзиното зачувување и предавање на идните генерации, рече директорката на библиотеката Катерина Данаилова.
Во празнувањето беше вклучено и литературно читање за делата на големиот просветител и светец, како и читање за традицијата како нишка меѓу минатото и иднината.
Говор за значењето на лебот и празничната погача во православната вера одржа отец Сарафче Иванов, кој ги освети погачите.
Триесет домаќинки учествуваа на изложбата со домашно приготвени и декорирани погачи, а три од нив беа избрани како најдобри. - Ова е прв ваков настан кој ќе прерасне во традиционален. Тој е дел од богатата програма на библиотеката, програма благодарение на која оваа установа деновиве беше прогласена за библиотека и доби награда од Библиотекарското здружение на Македонија, нагласи Данаилова.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР