Македонија
13. November 2015 - 11:17

Во недела привремен сообраќаен режим на „Трета македонска бригада“

Поради изведување градежни работи во недела на дел од улицата „Трета македонска бригада“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Како што соопшти Град Скопје прекинот во времетраење од 6 до 17 часот е поради изведување прекопи за поставување подземни инсталации на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“.

На коловозот ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.