-->
-->
Во недела посебен режим за движење возила околу СЦ „Јане Сандански“
-->
Ракометниот клуб Вардар преку својата интернет страница ги информира сите гледачи кои имаат купено влезница за дуелот Вардар – Барселона дека ќе има посебен режим на движење на возилата по главните улици околу Спортскиот Центар „Јане Сандански".
Во информацијата се вели дека, според насоките на МВР, в недела од 8:00 часот наутро ќе биде забранет пристап за моторни возила околу СЦ „Јане Сандански", вклучувајќи го и паркингот до салата, а од 14:00 часот, па сѐ до крајот на натпреварот меѓу Вардар и Барселона (што почнува во 17:45), ќе биде забранет пристап на сите моторни возила во насока кон СЦ „Јане Сандански".
Ќе биде воспоставен режим со кој ќе бидат затворени булеварите коишто водат кон СЦ „Јане Сандански" – булевар АСНОМ до булевар Србија и булевар АСНОМ до булевар Јане Сандански.
Овие правила важат за сите гледачи кои планираат да го следат натпреварот Вардар – Барселона во живо, вклучувајќи ги и гледачите со ВИП влезници. Исто така нема да важат ниту пропусниците за возила кои се издадени за сезонава.
Исто така, ги замолуваме сите гледачи да дојдат најмалку час и половина пред почетокот на натпреварот поради големиот интерес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија