Македонија
8. September 2018 - 16:46

Во Небрегово промовирана книгата „Како го читам Конески“

По повод денот на Независноста на Македонија денеска во прилепско Небрегово во родната куќа на Блаже Конески беше промовирана 4-тата по ред книга „Како го читам Конески“, во која се сместени 30 искажувања на повеќе автори за творештвото и животот Конески.

„Книгата сметам дека претставува уште еден придонес кон проучувањето на делото на Конески. И на некој начин го афирмира неговото духовно присуство и денес“, вели промоторот на книгата и универзитетски професор Максим Каранфилоски.

„Конески довикува, советува, укажува ии на крај Конески забранува да се заборави она што е корен на Македонецот, а тоа е Македонскиот јазиик“, истакна Мирјанка Ристески Селчанец, писател. 

Славистите и писателите порачаа како држава да посветиме поголемо внимание за зачувување на македонскиот јазик. Особено ако се земе превид фактот што се помалку има студенти кои се запишуваат на македонски јазик и книжевност.

„Тоа мора да се обнови, мора да се посвети внимание како што и кажав знмам одлични дипломирани студенти работат на несоодветни места, а не за тоа што се родени, науката и јазикот“, рече Вера Стојческа Антиќ, универзитетски професор.

„Јазикот се брани сам од себе, јазикот го бранат сите говорители и додека има говорители ќе има и јазик“, велии Трајко Стаматоски, претседател на фондација за македонскии јазик „Небрегово“.

По повод празникот почит пред бистата на Конески оддадоа и повеќе претставници на Владата и Општина Прилеп.

„Се совпаѓа и она што се случува сега со јазикот, во денешницата кога сакаме тој ии иидентитетот да бидате признаени на светско ниво. Мислам дека дека ќе се вклопи со идеите и мислите на Блаже Конески“, кажа Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

„Она што значи вресност македонска и во делот на јазикот, се разбора ии во делот на целокупната македонска култура да овозможиме да го видат тоа граѓаните и да ја продолжиме историјата која Македонија ја има во изминатиов период“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

 

 

По повод промоцијата на книгата се одржа и пригодна програма.