Македонија
2. September 2024 - 11:59

Во наредните денови попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи

Во вторник претежно во западните делови од земјава ќе има појава на краткотраен пороен дожд со грмежи, соопшти УХМР.

Потоа следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.