Во Музеј на Македонија ретроспектива на филмови за обреди поврзани додолките и џоломарите
Ретроспектива на уметничките и документарните филмови „Бериќет“ и „Ливада“ во режија на Митко Панов и „Џоломари“ и „Самовилска вода“ на етнологот Владимир Боцев, во кои се екранизирани некои од обредите поврзани со додолките и џоломарите, се одржа денеска во Музејот на Македонија.
Боцев истакна дека во филмот „Џоломари“ е прикажан обредот со маски во селото Бегниште кавадаречко, кој се одржува секоја година на 13 и 14 јануари и според него, претставува еден бисер кој допрва треба да се открие пред пошироката јавност, иако веќе почнува да се знае повеќе за него.
- Тоа е обред во кој учествуваат само мажи маскирани со мустаќи, со овчарски наметки, има две невести и баба. Тие се главните ликови, го обиколуваат селото, скокаат, играат, и имаат цел да обезбедат плодност, меѓутоа и една друга функција која ја интегрира заедницата како една целина и таа зрачи едно единство во околината, рече Боцев.
Посочи дека вториот негов филм е за местото Самовилска вода која се наоѓа во близина на кумановското село Зубовце, кое, како што рече, е исто така еден од бисерите во македонската традиционална култура и народот силно верува дека изворот кој се наоѓа таму може да помогне во лекување на разни болести.
- Местото е навистина мистичко, како да се наоѓате во друг свет...Кога ќе дојдат луѓето тогаш ја гледате вистинската моќ на изворот и на местото преку нивното цврсто уверување дека водата ќе им помогне, потенцира Боцев.
Ретроспективата на филмовите, како и неколку други настани во кои ќе се презентираат ритуали каде се стимулира плодноста на луѓето, природата или пак на годината, се составен дел на изложбата „Црвен петел-црна кокошка: култови на плодноста, обреди и верувања“ која се одржува во Музејот на Македонија.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк
-
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
-
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-
Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар