Во МНТ почнуваат пробите за претставата „Силјан Штркот шанца“
На сцената на Македонски народен театар – Скопје денеска почнуваат пробите за новата претстава „Силјан Штркот шанца“, работена според драматизацијата на Дејан Дуковски и во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, чија премиера се очекува во месец октомври.
Годинава, како што се наведува во соопштението на МНТ, се навршуваат 70 години откако Македонскиот народен театар ја постави својата прва детска куклена претстава (1946) драмата „Силјан штркот“, работена според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а во драматизација и режија на Петре Прличко.
Самиот драматург на новата верзија Дуковски вели дека со неговата модерна драматизација оддава голема почит и се користи со мотиви и мудроста на Марко Цепенков и Петре Прличко.
Од првичната верзија во која приказната за Силјан ја раскажуваат куклите од дрво и крпи, оваа модерна верзија „се обраќа“ со жива актерска игра, со свој нов карактер и свет. Публиката со веќе изграден театарски вкус ќе ја има таа чест да ја проследи играта на Александар Михајловски, Никола Ацески, Марија Новак, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан, Висар Вишка, Нино Леви, Кире Ѓоревски, Александар Ѓорѓиевски, Николина Кујача, Ана Стојановска и Тина Трпкоска, водени од режисерот Јаниќијевиќ и кореографот Александра Кочовска – Начева.
Светот на Силјан, неговите патешествија и авантури ќе бидат отсликани и сместени во визуелната замисла за сцената и костимот на Илина Ангеловска. Драмата претставува ретка хармонија на реалистично и фантастично, во која според режисерот Јаниќијевиќ треба да се пронајде детето во себе или како што вели тој „не бидете патетични, бидете деца“. Таа е продолжување на неговите веќе успешно поставени претстави за младата и повозрасна публика, меѓу кои „Малиот принц“, „Оливер Твист“, „Шопинг анд факинг“, „Дракула“, „Немој ти мене Фауст“ и други.
Ново на Сител
-
М-НАВ: Преземаме чекори за доекипирање со кадри, примена на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација
-
Ќе има мерки многу скоро кои ќе бидат прецизни и таргетирани, вели Мицкоски за инфлацијата
-
Гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков
-
Ефективен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој усмрти пешак и избега
-
Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид
-
Грција: Девојка се онесвестила откако ја запросиле, лекарите констатирале мозочно крварење
-
Две жени се степале на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот
-
Пронајдено изгорено тело по пожарот во Ѓорче