Во Маврово 96 сантиметри снег, - 11 степени во Ѓуриште

Најстудено во Македонија изутринава е во Ѓуриште, каде се измерени - 11 степени, по што со - 8 следат Пожаране и Маврово, каде има 96 сантиметри снег. Минус седум степени се измерени во Скопје Петровец, Берово, Лазарополе, Крушево и Тетово, - 6 во Крива Паланка и Штип, - 5 во Виница, Дебар и Скопје, - 3 во Демир Капија, Тополчани и Претор, - 2 во Охрид, - 1 во Прилеп и Битола, до нула во Гевгелија, Струмица и Дојран.
Висината на снежната покривка во Лазарополе изнесува 85 сантиметри, 65 во Крушево, 60 во Пожаране, 36 во Ѓуриште, 35 во Тетово, 30 во Дебар, 25 во Скопје Петровец...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаби и локални врнежи претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови. Во западните и крајните северни делови ќе повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.
Највисоката температура преку денот ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слабо проврнување на снег. Температурата ќе достигне до околу нула.
Според УХМР, до утре ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер, а претпладне во западните и северните делови ќе има повремен слаб снег. Утре во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
