Во манастирот „Св Димитрија“ кај Велес почна празнувањето на Источен Петок-Балаклија
По повод утрешниот празник Источен Петок - Балаклија вечерва во манастирот „Свети Димитрија" во близина на Велес, митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската Епархија, одржа Вечерна богослужба на која присуствуваа голем православни христијани од Велес и околните населени места.
Велешани според христијанските обичаи вечерва палеа свеќи за здравје во манастирот „Св.Димитрија“ и околните цркви „Св.Петка“ и „Св.Никола“. Воедно празнувањето ќе продолжи цела ноќ и утре кога велешани масовно го посетуваат овој манастир.
Утре изутрина во истиот манастир „Свети Димитрија" митрополитот Повардарски Агатангел ќе одржи и Света Златоустова Литургија.
Манастирот „Св. Димитрија“ кој првично бил посветен на Пресвета Богородица чија фреска се наоѓа на влезната врата на манастирот, има интересна историја. Манастирот цели пет века бил затрупан под земја, за да биде сочуван од Османлиите.
Во 1820 година откако на сон му се јавил на воденичарот Петар Здравев од Велес со финансиска подршка на имотните велешани повторно бил откопан и ја догледува светлината на денот. Велешани со години наназад ја чуваат оваа традиција-првиот четврток и петок по Велигден на манастирската слава, масовно го посетуваат манастирот кој се наоѓа на неколку километри од градот.
Ново на Сител
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа