Во Македонски Брод гласаа 120 болни и изнемоштени граѓани
Во текот на денов во Општина Македонски Брод беше спроведено гласањето на болни и изнемоштени лица кои побарале да гласаат во домашни услови.
Претседателот на ОИК за Македонски Брод, Живко Столески, информираше дека за вториот изборен круг биле прифатени барањата на 129 граѓани за гласање во домашни услови и од нив гласале 120, а останатите девет не гласале зашто во време на постетата на избирачките одбори не биле присутни на дадената адреса.
– Во нашата општина немавме пријавено лица болни од КОВИД-19 и во изолација кои побарале да гласаат во домашни услови, посочи Столески.
Соопшти и дека во текот на денов сите избирачки одбори го подигнале гласачкиот материјал и нагласи дека во општина Македонски Брод ќе се гласа на 53 избирачки места, а гласањето ќе го спроведат 41 избирачки одбор. Дванаесет избирачки места се споени поради недоволен број избирачи, односно помалу од десет.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш