Во Македонски Брод гласаа 120 болни и изнемоштени граѓани
Во текот на денов во Општина Македонски Брод беше спроведено гласањето на болни и изнемоштени лица кои побарале да гласаат во домашни услови.
Претседателот на ОИК за Македонски Брод, Живко Столески, информираше дека за вториот изборен круг биле прифатени барањата на 129 граѓани за гласање во домашни услови и од нив гласале 120, а останатите девет не гласале зашто во време на постетата на избирачките одбори не биле присутни на дадената адреса.
– Во нашата општина немавме пријавено лица болни од КОВИД-19 и во изолација кои побарале да гласаат во домашни услови, посочи Столески.
Соопшти и дека во текот на денов сите избирачки одбори го подигнале гласачкиот материјал и нагласи дека во општина Македонски Брод ќе се гласа на 53 избирачки места, а гласањето ќе го спроведат 41 избирачки одбор. Дванаесет избирачки места се споени поради недоволен број избирачи, односно помалу од десет.
Ново на Сител
-
Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство, двајцата одат во вториот изборен круг
-
Зеленски очекува САД да објават одлука за нова воена помош за Украина
-
Мицкоски и Таравари ќе присуствуваат на пуштањето на реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија
-
Студено со магла по одделни котлини, преку ден сончево со мала локална облачност
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила