Во Македонски Брод до 13 часот излезноста 31,70 проценти
До 13 часот своето право на глас во Македонски Брод го искористиле 31,70 проценти од гласачите, додека во Пласница во истиот период се изјасниле 15,49 проценти од жителите на оваа општина. И во двете општини во повеќе случаи се појавиле проблеми со фингер принтерите.
-Традиционално во нашата општина излезноста и за овие локални избори е висока. Така до 13 часот од 4978 избирачи запишани на единствениот избирачки список, своето демократско право на глас го искористиле 1577 граѓани или 31,70 проценти. Следејќи ги искуствата од претходните изборни циклуси и овојпат за очекување е нашата општина да биде една од водечките според бројот на избирачи кои го дале својот глас, рече Живко Столески од ОИК за Македонски Брод.
Тој потсети дека на избирачкото место 0258, во селото Лупште уште не е почнато гласањето поради проблемите што се јавија со фингер принтерите. Покрај во село Липште, проблеми се појавиле и на 4 други избирачки места, кои за кратко време се решени.
Во општина Пласница излезноста по традиција е нешто послаба, а тој тренд е присутен и на овие Локални избори.
-Во општина Пласница до 13 часот 793 граѓани го искористија своето право на глас или во проценти изразено 15,49% од граѓаните се изјаснија за некој од кандидатите. Во текот на денешното гласање имавме приговор од еден жител на општината кој не фигурирал на едниствениот избирачки список и во меѓувреме издадено му е решение и истиот го искористи своето демократско право на глас-рече Жана Богеста од ОИК за Пласница.
Ново на Сител
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
-

И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
-

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?
-

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
-

Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
